-4.3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Зошто навивачите на Барселона испраќаа свирежи за Суарез?

Најчитани вести

Луис Суарез неодамна стана петтиот најдобар стрелец во историјата на Барселона, но навивачите на Барселона кон него покажуваат се помалку љубов и почит.

„Навистина не ја започна сезоната добро, но свирежите кои ги доби кога Валверде го замени во 77-та минута против Виљареал беа изненадувачки. Суарез со 179 голови е петти на листата клупски стрелци во историјата на Барселона, зад Меси, Цесара, Кубала и Самитеро. Поради тоа дел од навивачите го наградија со аплауза“, пишува „АС“.

Пред четири години Суарез сезоната ја заврши со 59 голови и ја освои титулата најдобар стрелец во Европа. Оваа сезона 32 годишниот Уругваец играше пет пати и постигна гол само на еден натпревар. Навивачите му замеруваат на лошата игра во Лигата на шампионите каде што на последните 23 натпревари постигна само два гола.

Еден де од навивачите му замеруваат и што се одлучи да прави операција во текот на минатата сезона со цел да може да игра на Копа Америка. Поради таа операција Суарез не играше во финалето на Копа Дел Реј, натпревар кој Барселона го изгуби од Валенсија.

„Зборуваме за играч кој паузираше еден месец и потребно му е време да се врати во форма. Знаеме што се даде за овој клуб и ќе продолжи да биде еден од клучните играчи“, порача тренерот Валверде.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести