-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Зошто луѓето се уморни после јадење? 3 начини да го избегнете тоа

Најчитани вести

Некои намирници и одредени оброци може да предизвикаат силен замор и пад на енергијата. Истражувачите понудија голем број теории за тоа зошто се појавува оваа појава, но се согласуваат во едно – тоа е природен одговор на организмот кој и не мора да биде знак на тревога.

Заморот или проблемите со концентрацијата после оброк се вообичаени, а овој тежок замор се јавува во зависност од тоа што сте јаделе, кога сте јаделе и колку сте јаделе. За појава на оваа состојба има повеќе фактори.

Храната богата со протеини и јаглехидрати може да ве заспие повеќе од другите намирници. Некои научници веруваат дека некои луѓе се поуморни после оброк, бидејќи нивното тело произведува повеќе серотонин, а тоа е хормон кој игра голема улога во регулирањето на циклусите на расположението и спиењето. Амино киселината наречена триптофан, која се наоѓа во многу намирници богати со протеини, помага во производството на серотонин. Од таа причина, конзумирањето на вакви јадења може да предизвика чувство на замор.

Триптофанот го има во лососот, пилешкото, јајцата, спанаќот, семките, млекото, сојата, сирењето.

Количината на храна што ја јадете за време на оброкот

Замор после оброк често може да се појави доколку оброкот бил обилен, па оттаму и оние кои почесто јадат количински имаат ваков проблем. Кога јадеме, шеќерот во крвта расте, па може да дојде до зголемување на енергијата, но и нагло опаѓање. Но, постојат некои други фактори кои можат да придонесат за умор после јадење.

Како да се спречи заморот?

Ако сте јаделе на работа, може да биде доста незгодно доколку се изморите пред важен состанок кога треба да бидете целосно сконцентрирани, но и ако работите на машини каде што е потребно целото ваше внимание. Истражување од 2017 година го следело влијанието на оброците врз работниците во ноќна смена и открило дека оние кои јаделе навечер си ја вршеле работата многу полошо и биле многу поуморни околу 4 часот наутро, од оние кои не јаделе ништо.

Постојат стратегии кои можат да ви помогнат да ја спречите оваа незгодна појава:

Јадете малку и често: Наместо да јадете големи оброци кога сте гладни, јадете почесто, но помали количини храна на секои неколку часа за да го одржите нивото на енергија во рамнотежа. Малку овошје или јаткасти плодови треба да го ублажат чувството на глад, но и да ви дадат енергија.
Спијте добро: Ако спиете добро во текот на ноќта, помала е веројатноста да почувствувате ненадеен пад на енергијата после оброк.
Прошетајте: Само малку изложување на сонце, особено после оброк, е доволно за да се чувствувате помалку уморни.
Во текот на денот, задолжително направете мала пауза за да се одморите.

Овие тактики ќе ви помогнат да ја балансирате состојбата на вашето тело и да заштедите доволно сила за предизвиците што ве очекуваат во текот на денот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com