17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Зошто и како треба да јадете семки од лубеница?

Најчитани вести

Наместо да ги фрлате семките од лубеница, искористете ги на едноставен начин и претворете ги во вкусни и здрави грицки кои се како создадени за лето и за диети

Речиси сите делови од лубеницата се јадливи – и белиот раб покрај кората и семките кои се вистинска ризница на здравје доколку се приготват на правилен начин.

Белиот дел можете да го одвоите од надворешната кора, да го исечете на коцки и да го ставите во вок да го приготвите во некоја мешавина од зеленчук наместо краставица или можете да го киселите како што го правите тоа со краставичките за зимница.

Семките пак ги содржат сите нутриенти потребни за нормално функционирање на човековиот организам од протеини, здрави масти, витамини и минерали, а особено се богати со витамин Е – еден од нутриентите кои многу луѓе не го внесуваат доволно.

Вкусот им е јаткаст, а можете да ги приготвите во добро загреана тава со малку зачини за само 2-5 минути и да ги додадете во салата, во гранола или на тост.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com