12 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Зошто за лавандата велат дека е мајка на сите билки

Најчитани вести

Лавандата е популарна поради својот освежувачки и смирувачки мирис, пред сè. Постојат над 30 видови од оваа билка, а во зависност од тоа варира и нејзината висина и големината на листовите.

Освен што служи како средство за миење на лицето и телото – таа е главна состојка на многу купки, тоници за лице, серуми за лице, шампони за коса и останати препарати, таа лекува и ублажува многу тегоби.

Лавандата ја негува кожата, ги смирува иритациите и се користи за чистење на рани.

Доколку патите од мигрена и главоболки, капнете неколку капки масло од лаванда на вата и втријте го на слепоочниците, челото, вратот и зад ушите.

Доколку сте склони кон депресивни состојби или имате срцеви тегоби, ставете 4-5 капки масло од лаванда на коцка шеќер и испијте го на празен желудник.

Доколку страдате од реума, масирајте ги болните места со масло од лаванда два пати дневно, по можност наутро и навечер. Мачкањето на масло од лаванда делува и како природна заштита од убоди од комарци и други инсекти.

Исто така, во просторијата во која што престојувате, оставете сад со масло од лаванда, особено навечер – со тоа ќе бидете заштитени од убоди од инсекти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести