20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Зошто е важно да не пропуштате Класичен Козметолошки Третман ??!!

Најчитани вести

Чистењето е фундаментален чекор за здравјето на нашата кожа. Само добро изчистената кожа е ОТВОРЕН ПАТ за активните состојки од серумите и кремовите да стигнат до длабоките слоеви на кожата и да го покажат својот прав ефект.
Длабинаското прочистењето на кожата со Класичен Козметолошки третман помага во одржување и регулирање на себумот, одстранување на нечистотиите акумулирани во текот на денот, како и сите бактерии кои се причина за акни и други несовршености, намалување на порите, просветлување на тенот , добивање на свеж и мазен изглед на кожата на лицето.

Класичниот козметички третман во Дерма Бела вклучува повеќе постапки за копметно и длабинаско чистење, како третирање на кожата со пареа, со цел да се отворат порите,  рачно чистење на порите, Илаталиански пилинг со лушпи од бадеми, за одстранување на мртвите клетки на кожата, апликација на серуми, маски според типот на кожа и масажа на лицето.

После третманот нема никакво црвенило или иритација, кожата е смирена, просветлена и сјајна. Класичниот козметолошки третман е есенцијален третман за хигиена на кожата и се препорачува еднаш месечно.

Во Дерма Бела, третманот го работат Високо стручни козметичари со долгогодишно искуство под назор на лекар.

Чистењето се смета за добро, ако се одстрануваат нечистотиите, но без да се промени хидролипидниот баланс на кожата!  После чистењето, кожата ќе биде негувана и мека без потоа да се чувствува сувост и иритација – црвенило.

Чувајте го здравјето на Вашата кожа, таа е првата бариера за одбрана од  микроорганизми !

Во домашни услови важна е секојдневната нега и чистачите кои се користат.

Сувата  и нормална кожа – се чисти со Млеко за чистење, па потоа  се тонира – хидрира со Тоник за чистење.

Масна и комбинирана кожа – се чисти со Пена за миење со физиолошка pH ( чисти, обезмастува, а не ја променува физиолошката киселост на кожата) или Мицеларна Вода.

https://www.facebook.com/dermabellamk/posts/10157596784871857

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com