23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Зошто денот би требало да го започнете со вода и лимон?

Најчитани вести

Започнете го денот така што ќе испиете топла вода во која претходно сте исцедиле лимон и направете добро за вашето здравје.

Помага при варењето

Не само што топлата вода помага да се стимулира дигестивниот тракт, туку и лимонот го стимулира и прочистува црниот дроб. Покрај тоа, придонесува за подобра работа на желудечната киселина.

Имунолошки систем

Цитрусите се богати со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во борбата против настинки, а аскорбинската киселина помага при апсорпција на железо, кое е исто така важно во функционирањето на имунолошкиот систем.

Рамнотежа на pH вредноста

Ако дојде до хронична нерамнотежа на pH вредноста во организмот, полесно се доаѓа до разболување. Во воспоставувањето на оваа рамнотежа лимунот игра важна улога.

Детоксикација

Лимон помага во отстранување на штетните материи од телото и е природен деуретик, што значи дека помага во исфрлање на вишокот на течност, а со тоа и разни отрови. Дополнително, лимонската киселина помага во создавање на ензими потребни за работата на црниот дроб.

Кожа

Хроничната дехидратација доведува до тоа вашата кожа да изгледа сува и распукана. Витаминот Ц игра клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата и им помага на антиоксидантите во борбата против факторите на стареење.

Дава енергија

Комбинацијата на вода и лимон помага во освежување на крвта, поради што ќе се чувствувате полетно и лесно, и подготвени сте за секојдневните обврски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести