Црешите во себе содржат витамин А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин. Токму тоа ги прави одлични борци против рак, срцеви болести, а ја ублажуваат и главоболката. Јадењето цреши е ефикасно за отстранување на физичката и менталната исцрпеност, поради што се препорачува да ги консумирате како меѓуоброк.
Антоцијанините од темните цреши ја намалуваат количината на масни наслги на стомакот и го намалуваат нивото на холестерол и шеќер во крвта, што значи сјајни се и за вашата линија.
Според спроведените научни истражувања, флавоноидот кој го има во црешите има антиканцерогени својства, а помага и во спречување на срцеви заболувања. Антоцијанините кои исто така ги има во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. 20 цреши на ден се десет пати поефикасни од еден аспирин.