8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Зошто Данела Арсовска злоупотребува службени ресурси на Сојуз на Стопански Комори?

Најчитани вести

Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска на нејзината Фејсбук страница се пофали дека има и нова веб-страница:

„Ставена е во функција веб страницата www.zaskopje.mk преку којашто можете да се информирате за сите детали поврзани со мојата кампања за градоначалник на Град Скопје, да ме запознаете подобро, да ми поставите прашања и да ми испратите идеи. Посетете ја!“


Ако го проверите доменот www.zaskopje.mk, можете да дознаете дека новата веб-страница е навистина регистрирана на име Данела Арсовска, со адреса „Улица ББ, Скопје, 1000, МК“ и со e-mail info@mcc.mk.

Ваквите зачудувачки податоци отвораат неколку прашања.
Прво, зошто Данела Арсовска ја регистрирала страницата на непостоечка адреса – „Улица ББ“ – толку ли не знае дека ознаките „ББ“ се одамна исфрлени од скопските улици?

Второ, зошто Данела Арсовска злоупотребува службени ресурси на Сојуз на стопански комори – дали можеби затоа што веб-страницата е купена со службени пари?


Трето, зарем Данела Арсовска нема доволно свои идеи, па затоа бара од скопјани да и испратат идеи, и тоа на службениот e-mail Сојуз на стопански комори?


Може ли да му се верува на кандидат за градоначалник кој дава лажна адреса, злоупотребува службени ресурси, и кој бара идеите од граѓаните ставајќи ги истите во сопственост на Сојуз на стопански комори?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com