7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Зоран Попов и официјално е нов македонски амбасадор во САД, Агнеза Руси оди во Софија

Најчитани вести

Досегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов, го помина филтерот на Собранието. Тој пред членовите на Комисијата за надворешна политика, на затворена седница ги презентираше своите тези за дипломатската мисија во САД.

Попов, кој најголемиот дел од дипломатската кариера ја има поминато во Директоратот за Европска Унија, воедно беше и единствениот кој реферираше пред пратениците кои имаат безбедносен сертификат, бидејќи по неговото излагање, претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски, ја прекина седницата, со образложение дека напладне почна пленарна седница. Со презентацијата на тезите во Парламентот, завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон.

Пополнувањето на амбасадорското место во САД кои се наш стратешки партнер и НАТО-сојузник, следи по повеќе од четири години од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски. Помеѓу новите амбасадори, кои пред Комисијата треба да ги претстават своите тези се и новите амбасадори во Канада – Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Словачка – Евгенија Илиева и во Кралството Белгија, Методија Белевски.

Според МНР, за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа. Тоа се Виктор Димовски, кој ќе биде амбасадор во Франција, Агнеза Руси во Бугарија и Јован Манасијевски во Турција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести