6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Зоране, МАКЕДОНИЈА нема да умре иако ти ја труеш!

Најчитани вести

Ламбе Арнаудов

ВМРО 128 години ја брани, чува, возобновува, воскреснува и ја одржува во живот Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе го прави тоа и во наредните 128 години, и ако треба уште 1280 години од таквите како тебе, домашни предавници, прва категорија.

МАКЕДОНИЈА не е сама, и не е скроена во облик како што ти посакуваш да ја претставиш наоколу или поточно кажано:

Таму каде патриотизмот ги загубил своите вредности, предавството има своја цена. Тогаш на виделина се појавуваат разни белосветски ловци на уценети глави, одродени блудни синови, тешки глупаци и среброљупци, сите со заеднички именител, апокалиптични типчиња, со нула корисна човечка вредност но со застрашувачка разурнувачка моќ како координата на предавството во вашиот поход врз темелните вредности на нашата Татковина и Народ.

Комплетната акумулација на власт што се наоѓа во твоите валкани раце како плод од присвојување на партијата и грабање на државата дава искривена слика за владеење на демократија и правна држава што доведува до изедначување со владеењето на државен тероризам.

Тогаш, демократијата и државниот тероризам си личат една на друга како сестри близначки, и ако таквата слика потрае подолго време, тешко човек може да препознае што е оригинално а што фалсификат. Униформноста, за жал тогаш ги изедначува доброто и злото и управувањето на властодржецот, државниот терорист се претопува во општо политичка и наметната филозофска догма со што секое отстапување од мислата и говорот на властодржецот во случајов Зоран Заев, станува своевиден ерес.

Затоа, токму сега е времето да се застане на пат на дивеењето на оваа ненародна власт, сега, кога се редат неправдите, понижувањата, предавствата на својот народ. Власта која го понижува сопствениот народ не заслужува ни осуда, ниту гнев или понижување, а најмалку сожалување, туку брзо и комплетно детронизирање и освестување за нивното султанско владеење со несогледливи штетни последици по интересите на народот и Македонија.

Доколку задоцниме, бидејќи за овие состојби утре нема, во нашата Македонија ќе останат само три вида луѓе: мртви, оние кои што починаа како резултат на неспособната власт и оние кои од истата причина ќе умрат. За четвртиот вид, загинатите, ниту посакувам, а убеден сум дека до тоа нема да дојде иако со оваа власт никој со сигурност не може да се заколне ни во најочигледната вистина.

Почитувани ВМРОВЦИ, ПАТРИОТИ, РОДОЉУБИ верувајте во себе. Застанете исправени, макар и сам гордо и пркосно пред Зоран, Стево, Рада … нивните заслепени следбеници, приврзаници, глупави трабанти кои само знаат да кружат и привезоци од личен и групен интерес. Не плашете се! Застани сам против сите нив, макар биле и илјадници, ти сам – тие сите, ТИ си сам мнозинство. Исправи се со својата љубов кон татковината и народот пред олтарот на Македонија, правилно искористи се себеси, прослави го твоето име и помогни на Македонија и ќе ги исполниш сите свои животни желби слеани во една желба МАКЕДОНИЈА.

Зарем ТИ, слободоумен граѓанин и патриот, светлина и топлина, што ни ја осветлуваш иднината и ги затоплуваш нашите срца и души ќе отстапиш пред мракот кој што ти го носи Зоран Заев.

Присети се на неговата најнова глупост од многу изречените до сега, цитирам: “Можно ли е Христијан Мицкоски да биде премиер кој никогаш нема спомнато ни С од Северна Македонија.“ Засрами се и покриј го валканиот образ, ти Зоране, кој никогаш немаш спомнато ни М од МАКЕДОНИЈА.

Ти, кој ја распадна Македонија, со твоето глупаво прашање му направи комплимент на најголемиот народен трибун кој ја брани Македонија од таквите како тебе, нашиот лидер Христијан Мицкоски.

Сосема исто како што кога германскиот нацистички сс генерал го прашал Пикасо за тоа дали ти го направи ова врвно уметничко дело – ГЕРНИКА, одговорот на уметникот бил НЕ, ти го направи.

Нема да ти дозволиме Зоране од МАКЕДОНИЈА да направиш ГЕРНИКА.

МАКЕДОНИЈА нема да умре затоа што ти сакаш.

МАКЕДОНИЈА ќе заздрави и вечно ќе живее заради што народот ја сака.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com