1 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

ЗНМ со осуда за навредите што Димче Арсовски преку „Фејсбук“ ги упати кон новинарот Фуркан Салиу

Најчитани вести

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуват, како што велат, непримерната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, упатена кон новинарот на ТВ „Клан“, Фуркан Салиу.

„Денеска, Арсовски преку својот профил на ‘Фејсбук’ јавно го обвини новинарот Салиу за ширење националромантизам и лажни вести. Понатаму, тој го обвинува колегата Салиу дека во пресрет на изборите одработува одредена агенда за СДСМ“, се наведува во соопштението на Здружението.

Од таму сметаат дека ваквиот напад на политичар кон новинар дава лош пример во општеството, особено во услови кога се најавени предвремени парламентарни избори.

„Ова претставува еклатантен пример за тоа како не треба еден политичар јавно да комуницира со новинарите. Бараме од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените ставови, а доколку не го направи тоа, бараме од ВМРО-ДПМНЕ да се огради од неговиот став, со цел да не биде сфатено во јавноста дека ова омаловажување е направено во име на целата партија ВМРО-ДПМНЕ, туку во име на поединец“, велат од ЗНМ.

Потсетуваат дека доколку политичарите или кој било граѓанин има забелешка за работата на новинарите и медиумите, тогаш треба да се обратат до Советот за етика во медиумите на Македонија или до Советот на честа при ЗНМ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести