15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

ЗНМ го осуди односот кон новинарите во зградата на Уставниот суд

Најчитани вести

Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд кои на, како што велат од ЗНМ, недозволив и неевропски начин ги третираа новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

„И покрај тоа што медиумите уредно биле поканети за да ја проследат средбата, на новинарските екипи им било дозволено само да снимат неколку инсерти, а потоа биле избркани од зградата на Судот. Иако во просториите на Уставниот суд има просторија која е предвидена за новинари, вработените во Судот на дрзок начин ги испратиле новинарите надвор од зградата и ги известиле дека изјави за средбата ќе можат да се земат само надвор од зградата“, велат од ЗНМ.

Овој инцидент, додаваат од Здружението, е дополнително недозволив кога се знае дека токму Уставниот суд е оној кој треба да биде главен заштитник на слободата на говорот.

ЗНМ го повикува Судот во иднина да обезбеди достојни услови за работа на новинарите и да не поставува негативен пример во општеството за односот институција – новинари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com