4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Знаци кои откриваат дека сте прележале Ковид -19 без да знаете

Најчитани вести

Кога зборуваме за актуелната пандемија, најчесто се прави разлика дали сте биле позитивни на коронавирусот или сте се заразиле и сте боледувале од COVID-19 во полесна или потешка форма.

Се проценува дека 10 до 30 проценти од луѓето кои претходно биле здрави ја имале болеста и доживеале само блага форма на болеста – но не се опоравиле целосно. Тука доаѓаме до поимот долг ковид, кога симптомите останати по болеста може многу да влијаат врз животот.

Во една неодамнешна студија во Англија, од Националното биро за статистика, објавена е листа на најчести симптоми што се јавуваат откако сте ја имале болеста, а не сте знаеле дека станува збор за COVID-19. Овие симптоми не исчезнуваат толку брзо… Важно е да знаете дали сте боледувале од COVID-19, за да се заштите во иднина.

Се чувствувате целосно исцрпени

Хроничниот замор е најчесто пријавениот симптом на болеста. Во овој случај не само што ќе се чувствувате поспано, туку нема да можете да функционирате како пред болеста.

„Како некој да ве тепа, одново и одново“, вели Пол Гарнер, професор на Универзитетот во Ливерпул. Тој додаде дека првите два месеци по болеста биле исклучително тешки за него лично, дека неговата состојба сега се подобрува, но дека тој сѐ уште се чувствува многу уморен, замаглен му е умот и не може добро да проценува, и справувањето со тоа трае по цел ден.

Отежнато дишење

COVID-19 е првенствено респираторна болест и штетата што ја прави на белите дробови може да биде тешко да се поправи. Иако некои луѓе, се разбира, немаат никакви проблеми, оние што ја доживеале оваа состојба може да страдаат од тоа долго откако ќе се заразат. Ова е вториот најчест симптом дека сте имале COVID-19.

Ве болат мускулите

Д-р Ентони Фаучи вели дека болка во мускулите и зглобовите, заедно со треска, замор и когнитивни проблеми, како што се проблеми со меморијата, се последици на ковид. Тој додава дека луѓето кои ги имаат споменатите симптоми пријавиле дека тие не исчезнуваат и долго по боледувањето.

Проблеми со концентрација

Еден од вообичаените симптоми што се гледа кај луѓето кои ја преживеале болеста е нешто што тие го опишуваат како да им е „замаглен“ умот, а тоа исто така може да се однесува на проблеми со краткотрајна меморија, губење на меморијата, општа конфузија, проблеми со концентрација. Затоа, можно е да имате долгорочни последици, а „замаглениот“ ум е една од нив. Овие проблеми, се разбира, не се безопасни.

Можно е да имате главоболки

Тешките главоболки можат да бидат предизвикани од проширување и стегање на крвните садови во мозокот, а проблемот може да се појави и кај децата.

„Ги разгледавме симптомите на долгорочен ковид кај децата и за жал забележавме дека тие се јавуваат и кај нив, најчесто во форма на замор и главоболки“, објасни Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести.

Воспаление на срцето (срцевиот мускул)

„Откривме дека има пациенти кои се целосно оздравени и се чини дека немаат никакви симптоми, но кога ќе се испитаат на пример со магнетна резонанца, се забележува голем број од оние кои имаат воспаление на срцето. Токму овие податоци ни велат дека мора да бидеме претпазливи додека не ја разбереме целосно природата на оваа болест“, рече Фаучи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com