25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Златно Тркало 2022 – Избрани Најпосакуваните Автомобили во Македонија

Најчитани вести

Гласањето за Националниот Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија заврши во текот на вчерашниот ден, а со тоа се познати и победниците во секоја од категориите за Златно Тркало 2022 за 2022 година. На изборот, кој се одржува трета година по ред, учествуваа 15 автомобили кои беа распределени во пет различни категории, а целата македонска јавност имаше можност да го даде својот глас и да го избере Најпосакуваниот автомобил во Македонија.

Златно Тркало прераснува во вистинска традиција, а годинава повторно успеа да привлече големо внимание кај јавноста, која го избираше својот фаворит во категориите Најпосакуван Градски автомобил, Најпосакуван Семеен автомобил, Најпосакуван Електрифициран автомобил, Најпосакуван Премиум автомобили и Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја.

Како и секоја година, така и оваа, сите финалисти беа промовирани подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите, а со добивањето на конечниот број на гласања, познати се и победниците.

Најпосакуван Градски автомобил во Македонија е Peugeot 308 со освоени 37,70 проценти од гласовите

Златно Тркало 2022 - Најпосакуван Градски автомобил - Peugeot 308

Hајпосакуван Семеен автомобил е Kia Sportage со 39,11 проценти од гласовите

Златно Тркало 2022 - Најпосакуван Семеен автомобил - Kia Sportage

Најпосакуван Електрифициран автомобил е Volkswagen ID.4 со 32,90 проценти

Златно Тркало 2022 - Најпосакуван Електрифициран автомобил - Volkswagen ID.4

Hајпосакуван Премиум автомобил е Porsche Taycan Cross Turismo со 43,45 проценти освоени гласови

Златно Тркало 2022 - Најпосакуван Премиум автомобил - Porsche Taycan Cross Turismo
Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија заминува кај Volkswagen ID.4 кој освои 38,35 проценти од вкупниот број на гласови.
Златно Тркало 2022 - Главна награда за Најпосакуван автомобил во Македонија - Volkswagen ID.4

За потсетување, право на учество во изборот имаа сите нови модели кои беа промовирани на македонскиот пазар во изминатите 12 месеци, по што организаторите формираа листа и истата беше презентирана пред официјалните и овластени увозници, а на конечната листа своето место го најдоа моделите кои самите импортери одлучија да ги номинираат во борбата за гласовите.

По ова, кандидатите се најдоа на гласање пред јавноста, по што пристигна и конечниот резултат. Гласањето за Златно Тркало 2022 траеше од 1, па се до 15 март.

Редакцијата на Авто Плус во оваа прилика им честита на победниците и се заблагодарува на учесниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com