10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Златан во свој стил: Ако му требам на Јунајтед, знаат каде да ме најдат

Најчитани вести

Златан Ибрахимовиќ верува дека се уште е доволно добар да игра во Премиер лигата, па испрати порака до управата на Манчестер Јунајтед.

Имено, тој смета дека доколку му е потребен на Јунајтед, дека знаат каде треба да дојдат за повторно да го доведат на „Олд Трафорд“.

„Секако дека можам да играм во Премиер лигата, ако му требам на Јунајтед, тука сум. Сепак, во моментов сум во Галакси, така што жал ми е за навивачите на Манчестер“, изјави низ смеа Ибрахимовиќ.

Тој постигна 22 гола во исто толку настапи сезонава, а само на последните три меча постигна шест гола.

Повторно фантастичниот Златан, иако има 37 години, се врати во својата одлична форма, а од него се очекуваат уште голови до крајот на сезоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com