13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Зимски детокс напиток од само 2 состојки: Исчистете го телото од токсини и забрзајте го метаболизмот

Најчитани вести

По сите празници и уживања во големи количини храна, колачи и слатки задоволства, време е за детокс на телото.

Со помош на овој напиток ќе го поттикнете метаболизмот и ќе започне исфрлањето на токсините кои се таложеле во претходниот период.  

Напитокот се прави многу лесно, а сè што ви е потребно се половина шолја изладен зелен чај и половина лимон.

Начин на припрема:

Исцедете го лимонот, додајте го неговиот сок во шолјата зелен чај и напитокот е спремен.

Еве како овој напиток делува врз организмот:

Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во речиси сите детокс напитоци. Поволно делува на црниот дроб, а истражувањата докажуваат дека помага и во процесот на исфрлање токсини.

Лимонот, освен што изобилува со витамин Ц и е одличен за здравјето на целото тело, стимулира и ослободување на ензими, но тоа не е сè. Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта.

Ериоцитрин е антиоксиданс кој се наоѓа во лимоновиот сок и кората. Ваквиот антиоксиданс во комбинација со други активни супстанци покажал ефект на намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизација на нивото на шеќер во крвта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести