7 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Зидан пред „Ел Класико“: Барселона го има Меси, но ние…

Најчитани вести

Утре на „Камп Ноу“ ќе се одигра натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид од 10. коло од шпанската Ла Лига.

Натпреварот беше одложен поради политичката ситуација во Каталонија, а сега конечно дојде ред истиот да се одигра. Интересно е тоа што двата тима заедно ќе патуваат на стадионот со цел да се избегнат некои нереди.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го даде своето видување за дерби пресметката која напрограмата е утре.

– Правилата се правила. Одлучено е заедно да одиме на натпреварот и тоа ќе го сториме. Не би се занимавал со тоа, најважно е натпреварот да се одигра. Ние мора да размислуваме само за мечот, на другото не можеме да влијаеме. Мора да дадеме се од себе, но на крајот тоа ќе биде само еден обичен фудбалски натпревар вреден три бода. Барселона го има Меси, но и ние си имаме свои адути. Ќе се игра 11 на 11, – изјави Зидан.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести