15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Зидан повторно одговораше на прашања во врска со Бејл и Хамес

Најчитани вести

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не беше во добро расположение, откако загуби од Тотенхем во „Ауди Купот“. „Кралскиот“ клуб изгуби со 0-1 и денес ќе игра против Фенербахче за третото место, но повеќето од прашањата за Зизу не беа за мечот, туку за иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез.

– Не знам што ќе се случи со Хамес. Ние сме во Минхен, тренираме и играме – ова е она што ме интересира во моментов. Бејл? Тој не патуваше со нас затоа што не беше подготвен. Не се чувствуваше добро и откако разговаравме со лекарите, решивме дека е најдобро да остане во Мадрид. Одлуката беше вообичаена – мојата и на лекарите, а јас му го соопштив на Бејл. До 31 август, сè може да се случи. Во моментов, ова се играчите што ги имаме, и јас имам целосна доверба во нив – прокоментира Зидан.

Тој потоа зборуваше за синоќешниот меч и за досега слабата презентација на „белите“ во контролните натпревари. Французинот смета дека тимот се уште не е целосно подготвен.

– Не е пријатно што нашите последни натпревари се развија на овој начин, но нема да дозволиме поразите да влијаат врз нашата самодоверба. Денес бевме подобар тим. Треба да останеме позитивни. Сезоната ќе биде долга и тешка, но јас сум оптимист. Тимот е одличен, едноставно се уште не сме подготвени целосно – додаде Французинот.

И покрај неуспешниот трансфер на Бејл во Кина, Велшанецот најверојатно нема да остане на „Сантијаго Бернабеу“, со оглед дека Зидан на секој начин покажа дека не го сака во тимот.

Слична е ситуацијата со Хамес Родригез. Тој има понуди од Атлетико Мадрид и Наполи, но Реал не сака да го продаде на својот градски ривал, а Наполи не планира да плати сума од 42 милиони евра, поставена како цена за Колумбиецот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести