5 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Зидан одлучи: Винисиус ќе игра за вториот тим на Реал Мадрид

Најчитани вести

Откако дојде Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“ беше јасно дека младиот Бразилец, Винисиус Жуниор ќе има далеку помала минутажа од претходната сезона.

Зинедин Зидан одлучил 19-годишниот крилен напаѓач да ја почне идната сезона во вториот тим на Реал Мадрид, каде тренер ќе му биде легендарниот Раул Гонзалес.

Тој и минатата сезона ја почна во вториот тим, каде се докажа многу брзо и беше прекомандуван во првата екипа. Настапи на 18 натпревари и постигна два гола. Јасно е дека и натаму треба да зрее како фудбалер за да биде првотимец во Реал Мадрид, но сигурно дека ќе добива шанса од Зинедин Зидан.

Друштво во вториот тим ќе му прават уште две летни засилувања, а тоа се неговиот сонародник Родриго и Јапонецот Кубо.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести