14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Зидан одби да зборува за Бејл: Нема да ме испровоцирате!

Најчитани вести

Герет Бејл не патуваше со Реал Мадрид на Ауди купот во Минхен, а додека неговите соиграчи играат со Фенербахче за третото место, Велшанецот играше голф во Мадрид.

По мечот, во кој Реал победи со 5:3, очекувани беа прашања на темата Бејл од новинарите, но Зинедин Зидан одби да одговори на нив.

„Нема да ме ставите во несакана ситуација. Можете да прашувате, но нема да ви одговорам повеќе од што сметам дека е потребно“, изјави Зидан.

Кога му беше посочено што правел Бејл за време на мечот, тој луто одговори:

„Не знам што правел. Тука сум со екипата и на тоа не можам да одговорам. Се надевам дека тренирал во Мадрид. Тука морам да мислам на тимот. Што ќе биде со него ќе видиме кога ќе се вратиме. Не се мешам во приватниот живот или кој што прави. Бејл остана во Мадрид да тренира и сигурен сум дека тоа и го прави.“

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести