15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Зидан: Не ме загрижува Азар, Куртоа не спаси во Истанбул

Најчитани вести

Зинедин Зидан рекол дека не е загрижен што Еден Азар одиграл лош натпревар против Галатасарај во Лигата на шампионте. Реал синоќа во Истанбул победија 1:0, со голот на Крос, а акцијата ја креираше Азар.

„Тоа не ме загрижува. Азар е се подобар и ќе напредува уште повеќе. Важно е што влегува во шанси, полека ќе почне и да ги реализира“, рекол Зидан истакнувајќи дека голманот Куртоа бил клучниот човек на Реал.

„Очигледно е дека не спаси во првото полувреме. Среќни сме поради тоа, еден ваков меч му беше потребен, тој ни донесе три бода. Секогаш не критикуваат кога ќе изгубиме, но сега победивме игравме со карактер и ја заслуживме победата“, заклучил тренерот на Реал.

По три кола во А-групата ПСЖ има девет, Реал четири,а Бриж два, а Галатасарај еден бод.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести