14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Зидан: Направив тактичка промена, јас сум виновен зашто не победивме!

Најчитани вести

Реал Мадрид направи кикс кога најмалку требаше и така полека го губи чекорот за шампионската титула во Ла лига, а тренерот Зинедин Зидан не беше задоволен по натпреварот.

„Кралевите“ имаа негатива од 0-1, но Винисиус Жуниор успеа да постигне гол во финишот и да израмни на 1-1 против Реал Сосиедад.

Зидан ја презема вината за освоениот бод откако за време на натпреварот ја промени формацијата од 4-3-3 во 3-52.

„Не бев задоволен од тоа каков пресинг игравме, направив тактичка промена во тие 10-15 минути, а потоа повторно го сменивме системот, се вративме на 4-3-3 и игравме подобро. Фудбалерите кои влегоа од клупата за резерви донесоа свежина. Да, ќе признаам мојата одлука веројатно беше причина да не победиме денес, јас сум виновникот“, кажа Зидан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com