Зибери: Член 11 не постои – Уставен: Не ни вршете притисок

    0

    Уставен суд не се откажува од разгледувањето на член 11 од законот за амнестија, а од друга страна правниот експерт Насер Зибери вели дека член 11 не постои и дека нема ниту потреба од негово автентично читање.

    „Сега Уставен суд бара да се разгледа уставноста на член 11, што значи дека поништувањето на член 11, по автоматизам ќе ги врати во сила неговите одлуки за помилување. Но се заборава фактот дека член 11 врз чија основа се покренати одлуките за помилување, не постои. Ова значи дека нема потреба ниту од автентично читање на член 11, бидејќи член 11 не постои“, изјави Насер Зибери – Правник.

    Според Зибери, со автентичното читање на член 11, Уставен суд нема да има предмет за разгледување бидејќи тоа ќе му го одземе Собранието.

    „Доколку имаме автентичност на членот, со ова уставен суд ќе остане без предмет за разгледување“, вели Зибери.

    Инаку од Уставен суд велат дека разгледувањето на член 11 е во тек. Преку соопштение суд ги критикуваа медиумите, експертите и политичарите за вршење притисок врз нивните институции.

    „На 27.11.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, Судот расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек“, стои во соопштението од Уставен Суд.

    По иницијативата на Уставен суд за разгледување на член 11, СДСМ испрати иницијатива до Собрание за автентично читање на член 11, од каде произлегува член 11 со кој се повлекува одлуката на екс претседателот Иванов за помилување на 56 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои Сашо Мијалков, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски, Ирена Мишева и Љупчо Тодоровски.