Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтерова скала го погоди регионот на Скадар во Албанија, објави денеска порталот за следење на сеизмички активност „Волкејно дискавери“.
Земјотресот е регистриран синоќа во 22 часот, и епицентарот бил на длабочина о0д 10 километри.
Земјотресот прв го пријавил германскиот Истражувачки центар за геонаука (ГФЗ).
Земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.
Според првичните информации, земјотесот не предизвикал значителна материјална штета, но веројатно го почувстувале поинтензивно жителите од епицентралното подрачје.