13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди Чиле

Најчитани вести

Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа Чиле, но нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета. Според најавите на надлежните, не постои опасност од цунами.

Американскиот геолошки институт информираше дека земјотресот бил со јачина од 6,0 степени и дека епицентар се наоѓал 28 километри југозападно од Илапел, Чиле, во близина на централниот брег на земјата. Земјотресот бил со длабочина од 49 километри.

Властите во Чиле соопштија дека земјотресот бил почувствуван во главниот град на земјата и централните градови. Тоа се случи среде најновите протести против владата на претседателот Себастијан Пињера.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com