Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер утрово пред 11 часот го потресе хрватското тло на островот Крк, а епицентарот бил кај градот Цриквеница. Подоцна, јачината е намалена на 4,8 степени.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот се почуваствувал 14 км од градот Цриквеница, на остовор Крк, а потресот се случил точно во 10.47 часот.
Првите реакции на граѓаните на официјалната страница ЕМСЦ велат дека потресот се почувствувал силно и траел долго.
„Потпукнуваа прозорците и ѕидовите“, „траеше дестина секунди“, „Цриквеница, ужасен звук, се почувствува тресење“ се некои од коментарите.
Граѓаните пишуваат дека се почувствува и во Загреб и дека земјотресот траел 15, 20 секунди. Се почувствувал и во Задар, италијански Трст, додека ЕМСЦ има евиденција дека потресот е забележан и 36 км југоисточно од Риека.
Исто така, реакции стигнуваат и од градовите во Босна и Херцеговина, поточно во Босански Нови, Босанска Крупа и Бања Лука.