23.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Земјотрес со јачина од 3.9 степени ја погоди Хрватска, жителите на Петриња досега почуствувале над 750 земјотреси

Најчитани вести

Во централна Хрватска синоќа во 00.28 часот бил почуствуван нов земјотрес, кој според ЕМСЦ имал јачина од 3.9 степени по Рихтер.

Загребскиот портал Индекс.хр известува дека земјотресот, кој траел пет секунди, го почувствувале граѓаните во Петриња и Сисак.

Областа Петриња е погодена од над 750 земјотреси од крајот на минатата година, односно од 28 декември.

Првиот удар, што беше вовед во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случи еден ден претходно, на 28 декември.

Досега имало 79 посилни со величина поголема од 3 степени според Рихтер, а 13 имале поголема од 4 степени, пренесува ХРТ. Најголемата штета е предизвикана од четири земјотреси посилни од 5 степени според Рихтер, а според сеизмолозите ќе следуваат уште потреси.

Постојаните потреси на земјата, а сега и снегот го отежнуваат опоравувањето на областа по разорниот земјотрес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com