9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Земјотрес со сила од 4,6 степени ја погоди Далмација

Најчитани вести

Хрватската сеизмолошка служба објави дека земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа на границата со Босна и Херцеговина во близина на Бушкото Езеро, 20 километри источно од Сињ. Според претходните податоци, не е евидентирана материјална штета. Земјотресот бил силно почувствуван во Хрватска во пошироката област околу Сињ, Сплит, Макарска и околината.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека нешто пред 22 часот, земјотрес со сила од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 40 километри североисточно од Сплит. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Далмација и БиХ. Епицентарот на земјотресот бил на пет километри длабочина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com