-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Земјотрес од 5,4 според Рихтер во Јадранското Море и од 3,4 степени во Албанија

Најчитани вести

Како што пренесуваат хрватските медиуми, силен земјотрес е почувствуван во Јадранското море, а според првичните проценки на “EMSC”, потресот бил со јачина од 5,9 степени по Рихтер, за потоа проценката да биде намалена на 5,4.

Епицентарот бил 169 километри северозападно од италијанскиот град Бари, односно 120 километри јужно од хрватски Сплит, а како што пренесуваат италијанските власти, нема опасност за цунами.

Потресот силно бил почувствуван во Далмација и траел околу 30-тина секунди. Засега нема информации за евентуални повредени или причинета материјална штета, а експертите предупредуваат дека можни се неколку „афтершокови“ во текот на денешниот ден.

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер попладнево ја погоди и Албанија, а беше почувствуван и во Македонија.

Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 2 километри, а 25 километри оддалечен од Драч.

Земјотресот го почувствуваа жителите на југо-западните делови на Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com