Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес централниот дел од Труција.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југозападно од Гоксун и 63 километри северозападно од Кахраманмарис на длабочина од 10 километри.
Инаку, на 6 февруари два разорни земјотреса ги погодија Турција и Сирија. Досега загинаа околу 50 илјади луѓе.