7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Земјите од Г7 загрижени за трупањето руски сили на границата со Украина

Најчитани вести

Земјите од Г7 вчера соопштија дека се длабоко загрижени за трупањето на руските сили на границата со Украина и анектираниот регион Крим, јави ДПА.

Неодамнешните извештаи за руската воена активност во и околу Украина, како и кршењето на примирјето, предизвикаа меѓународна загриженост за повторно ескалирање на седумгодишниот конфликт меѓу двете земји, додаде германската агенција.

„Овие големи движења на војската, без претходно известување, претставуваат заканувачки и дестабилизирачки активности“, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија.

Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 ја повикаа Русија да „престане со своите провокации и веднаш да ги деескалира тензиите во согласност со нејзините меѓународни обврски“.

Тие во заедничката изјава ја потврдуваат својата „непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“, пренесе ДПА.

Русија. по анексијата на крим, во 2014 година, беше исфрлена од форумот што во тоа време се нарекуваше Г8. Меѓународната заедница се уште смета дека Крим е дел од украинската територија.

Делови од украинските источни региони Доњецк и Луганск долж руската граница се контролирани од сепаратистите, поддржани од Москва.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com