28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Земја со 33 милиони корисници на TikTok ја забрани апликацијата

Најчитани вести

Апликацијата TikTok беше официјално забранета во Пакистан, откако Високиот суд на таа земја донесе ваква одлука.

Во пресудата се вели дека TikTok „промовира вулгарност во општеството“ и ќе остане забранет се додека не започнат соработка со пакистанските власти за отстранување на содржини што ги сметаат за „непожелни и непристојни“.

Тикток и претходно имаше проблеми со водачите на оваа азиска земја, а Пакистан дури воведе закон со кој може да се цензурира содржината на социјалните мрежи. Благодарение на неодамна донесениот закон, „сите компании мораат да отстранат содржина што го загрозува интегритетот и безбедноста на Пакистан“.

Во некои претходни „конфликти“, пакистанските власти тврдат дека на TikTok се споделува неморална содржина. Дури и тогаш, апликацијата беше забранета, но само за кратко време, бидејќи тие ветија дека ќе ја отстранат целата содржина што се смета за непристојна. Се чини дека тие не го одржаа ветувањето, па оттука и новата забрана.

Според податоците од февруари, TikTok го користат околу 33 милиони луѓе во Пакистан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести