8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Земон: Mали се шансите организацијата на изборите да се смени во една изборна единица

Најчитани вести

Пратеникот Рубин Земон еден од 17. пратеници, кои ги иницираа измените на изборниот законик, на прес-конференција во Собранието, рече дека со илјдници амандмани, очигледна е намерата за блокада и мали се шансите да се смени организирањето на изборите од шест во една изборна единица.

Тој сепак ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се откажат од блокадата и седнат на маса да дебатираат и донесат заедничко решение.

„Очигледна е намерата за блокада, со толкав број амандмани, не може да заврши расправата во комисиите. Амандманите се нелогични и нејасни и очигледно немаат намера да ги повлечат, затоа што ова не се одлуки на пратениците, туку политички одлуки. Ги повикуваме уште еднаш да седнеме на дебата и да ги донесеме измените затоа што според наши истражувања над 75% се за една изборна единица“, истакна Земон.

Тој рече дека нема информација дали и кога ќе почне амандманската расправа, додавајќи дека за тоа требало да одлучи претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.

Уште еднаш потенцираше дека не се менува изборниот модел, кој останува пропорционален, туку начинот на организација на изборите од 6 во 1 изборна единица.

Додаде и дека не е точно оти албанскиот блок ќе добиел помалку пратеници, туку со оваа идеја се очекува поголем број пратеници од етничките заедници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com