Home » Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН при расправата за Буча

Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН при расправата за Буча

by Журнал.мк

Украинскиот претседател Владимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН.

Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча.

На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев.

Русија категорично ги отфрли тие обвинувања, нарекувајќи ги „криминални провокации“ и најави дека ќе достави „конкретни докази“ до Советот за безбедност дека нејзините сили не биле вклучени во злосторствата врз цивилите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk