17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Зеленски: Украина веќе би ја завршила војната доколку имаше подобро оружје

Најчитани вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе би ја завршила војната со Русија“ доколку имала пристап до подобро оружје, како што е она што го користи Русија.

Во своето обраќање доцна синоќа, Зеленски посочи дека во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет, рекол дека е неправедно што Украина се уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го складирале со години.

Тој нагласи дека морална должност на земјите-партнери е да помогнат во заштитата на слободата, да ги спасат животите на илјадници Украинци доколку имаат оружје и муниција што сега и се потребни на Украина.

Украинскиот претседател додаде дека интензитетот на рускиот оган во Харков во Донбас и во областа Дњепропетровск е зголемен, дури и врз цивилни структури.

– Судбината на десетици илјади жители на Мариупол кои беа преместени на териториите под руска контрола е непозната – рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com