Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со мировните преговори со Русија, велејќи дека најавите оти Русија ќе ги повлече војниците од некои области „ ги потопија со пукањата на руските гранати“
Иако според СНН Русија почна да повлекува некои сили од околината на Киев,
Зеленски за мировните преговори кои завршија со навестување за можен напредок – рече дека може да се верува само на конкретен резултат од дискусиите.
Тој додаде дека не гледа причина да им верува на зборовите на одредени претставници на моќта која „продолжува да се бори за уништување на Украина “.
Рускиот преговарач Владимир Медински за агенцијата Тас. Рече дека ветувањето на Русија за намалување на воените операции во околината на главниот град Киев и на северот на Украина, не значи и целосен прекин на огнот, а преговорите со украинската страна сѐ уште не им се надѕира крајот, изјави тој според него „Русија не сака да го изложува Киев на голем воен ризик“,образложувајќи ја одлуката за запирање на воените дејствуија на руските сили во областа на украинската престолнина. „Но нема наскоро да успееме да го постигнеме договорот кој им одговара на двете страни“, оцени Медински.
Со вчерашната најава на Москва во Истанбул за намалување на воените активности околу Киев и северниот град Чернигов, како и украинското прифаќање на неутрален статус на земјата со меѓународни гаранции, беше направен најголемиот напредок во преговорите за постугнување мир во Украина.