Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска отпушти тројца регионални гувернери, меѓу кои и лидерот на Луганск, каде што се водат жестоки борби. Не се наведени причините за разрешувањата кои на социјалната мрежа Телеграм ги објави владиниот претставник во парламентот.
Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги коментираше борбите во тој регион на североисток, кој граничи со Русија.
Зеленски го разреши и гувернерот на Одеса на Црното Море и на регионот Кнелнички на запад.
Одговарајќи на западните критики за широко распространетата корупција во Украина, Зеленски отпушти неколку високи функционери претходно оваа година. Пет регионални гувернери или добија отказ или самите поднесоа оставки.