7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин

Најчитани вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и дека тие мора да најдат договор без ултиматум како услов.

Зеленски за италијанската државна телевизија РАИ изјави дека Украина никогаш нема да го признае Крим како дел од Русија, пренесува Дневен аваз.

– Крим отсекогаш имал своја автономија, има свој парламент, но во рамките на Украина – рече Зеленски.

Запрашан да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во која предупредува дека Путин нема да биде понижен, Зеленски рече дека сака руската војска да ја напушти Украина и „да не го задржи лицето на Путин плаќајќи со неговата територија“, што би било нефер.

– Мораме да размислуваме за иднината на Русија. Јас како претседател на Украина велам дека тоа се нашите соседи. Ќе има и други претседатели и други генерации – рече Зеленски, пренесуваат медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести