12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Зеленски побара разговор со Путин за конфликтот во Украина

Најчитани вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара разговори со рускиот претседател Владимир Путин околу ескалацијата на конфликтот во источна Украина, но сè уште не добил одговор, изјави денеска портпаролката на украинскиот претседател, Јулија Мендел.

Русија распореди повеќе од 40.000 војници на источната граница со Украина и повеќе од 40.000 војници на Крим, рече Мендел, пренесува Ројтерс.

Според нејзините зборови, Зеленски ќе замине во Париз да разговара за зголемувањето на бројот на руски трупи и за ескалацијата на конфликтот во Донбас.

“Разговорите со Владимир Путин се иницирани од кабинетот на претседателот. Сè уште не добивме одговор, но се надеваме дека тие нема да го отфрлат дијалогот”, рече портпаролката на Зеленски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести