Home » Зеленски побара проширување на мисиите за обука на војниците со Ф-16

Зеленски побара проширување на мисиите за обука на војниците со Ф-16

by Журнал.мк

Нови напади со беспилотни летала врз Киев. Според украинските власти, сите дронови се одбиени. Мировен самит за Украина би можел да се одржи оваа есен, вели претседателот Зеленски. Посочи дека разговорите што ќе се одржат неделава во Саудиска Арабија се појдовна точка кон таа цел. За нападите врз Киев, Одеса и други региони, украинскиот претседател рече дека секој удар е заеднички проблем, а руските напади ја загрозуваат стабилноста на земјите во светот.

„Постигнавме исклучително значајни резултати во снабдувањето со оружје за нашите војници. Има моќни санкции против Русија. Сега нашите дипломати имаат за цел да привлечат одбранбено производство во Украина, опрема, артилерија, гранати“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски побара и проширување на мисиите за обука на војниците со Ф-16, како и ракети со долг дострел за Украина. По нападите врз пристаниште во Одеса, ЕУ обвини дека Москва ја користи храната како оружје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk