Во последните неколку дена се шпекулира за тоа каде се наоѓа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вечерва ги демантираше наводите дека го напуштил Киев. Тој на својот Фејсбук профил објави уште едно видео на кое на почетокот се гледа дека се уште е во главниот град на Украина.
– Останувам во Киев. Кај Банкова. Нема криење. И не се плашам од никого. Колку што е потребно за да се победи оваа војна – напиша Зеленски во описот на видеото.
VIDEO