Зеленски напиша на социјални мрежи дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.
„24-ти во февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“, напиша Зеленски.
Според него, претходната година беше година на болка, тага, верба и единство.
„И ова е година на нашата непобедливост. Знаеме дека ова ќе биде година на нашата победа!“, напиша претседателот на Украина.