10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Зеленски: Кој ја сака Русија нека се сели од Донбас

Најчитани вести

Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, изјави дека Донбас никогаш нема да биде руска територија и им порача на оние кои ја сакаат Русија и сакаат оваа област да стане дел од неа да бараат место за себе во Русија.

„Ако некој денеска живее на територијата на привремено окупираниот Донбас и си мисли – ‘треба да бидеме заедно со Русија, ние сме Руси’, мислам дека е голема грешка да остане и да живее во Донбас. Тоа никогаш нема да биде руска територија“, изјави Зеленски во интервју за ТВ Дом.

Тој им порача на оние кои ја сакаат Русија, а својот живот го минуваат на украинска територија и сметаат дека тоа е Русија, во името на нивните деца и внуци да си заминат и да си најдат место на територија која навистина е руска, пренесува „Спутник“.

„Украина ќе се развива, ќе се гради, а во таков Донбас – окупиран, одделен никогаш нема да има развој. Но, ако сметате дека Донбас е Украина, ако го почитувате тоа знаме, украинскиот јазик, ако сметате дека сте Украинци, тогаш останете таму, издржете. Во секој случај, таа територија ќе биде ослободена од окупација“, рече украинскиот претседател.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com