18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови

Најчитани вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 100.000 луѓе останале во јужниот пристанишен град Мариупол, кој е под интензивно руско гранатирање.

„ Од денеска во градот има околу 100.000 луѓе. Во нехумани услови. Во целосна блокада. Без храна, без вода, без лекови. Под постојано гранатирање, под постојано бомбардирање“ – изјави Зеленски во синоќешното обраќање на Фејсбук, пренесува Би-би-си.

Зеленски изјави дека напорите за спасување на цивилите таму преку хуманитарни коридори биле прекинати со руски „гранатирања или намерен терор“.

Русија вчера ги блокираше хуманитарните конвои, нагласи Зеленски, додавајќи дека во таа пригода биле заробени работници на украинската влада и нивниот возач на автобус.

„И покрај сите тешкотии, вчера од градот беа спасени 7.026 жители на Мариупол“ – изјавил украинскиот претседател.

Зеленски изјави и дека Украина во изминатите две недели добила над 100.000 тони хуманитарна помош.

Тој рече дека новите западни санкции против Русија ќе бидат објавени подоцна оваа недела, на состанокот на светските лидери во Брисел, за време на конференцијата на НАТО.

Зеленски рече дека во вторникот разговарал со папата Франциско и дека го поканил да ја посети Украина, пренесе Би-би-си.

Украинскиот претседател изјави и дека претходните мировни преговори со Русија за прекин на конфликтот биле тешки, а понекогаш и конфронтирачки, но дека се уште напредуваат.

„ Одиме чекор по чекор напред“ – нагласи Зеленски, пренесе „Ројтерс“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com