11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Зеленски е подготвен утре да се сретне со Путин

Најчитани вести

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Доколку рускиот лидер покаже подготвеност, тие можат да се сретнат утре, задутре, буквално. Зеленски е подготвен за таа средба. Неговиот став е јасен, формиран за сите прашања, а Украина е подготвена за овие преговори – изјави Кулеба за весникот „Украинска правда“.

Тој додаде дека многу земји нудат, или се натпреваруваат, да бидат домаќини на овој состанок.

– Можам да кажам дека конкуренцијата за „правото на средба“ меѓу Зеленски и Путин е поголема од онаа за домаќин на Олимписките игри – рече Кулеба.

Претходно советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, член на украинската делегација на преговорите со Русија, Михаил Подољак, најави подготовка на документи за можни директни преговори меѓу Зеленски и Путин.

Да потсетиме, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков уште порано изјави дека Путин може и треба да се сретне со Зеленски, но не „заради формата“, туку за сериозно да разговара и да постигне нешто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com