Home » Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов

Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов

by Журнал.мк

Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен.

Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, кој е само еден во долгата низа промени на високи државни официјални претставници кои ги нареди претседателот на Украина.

Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и претреси низ целата земја, по што следеа бројни отпуштања на високо позиционирани функционери.

Засега не се знае дали отпуштањето на Москалов е поврзано со неодамна започнатата акција за борба против корупцијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk