Home » Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година

Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година

by Журнал.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија. Во интервју за Вашингтон пост, Зеленски рече дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја“.

Тој додаде дека „Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија“. Зеленски смета дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата. Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на „целото население на Русија“.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во делови од регионите Керсон и Запорожје на истокот и југот на Украина, заедно со веќе закажаните регионални избори. Зеленски во неделата предупреди дека ако Москва продолжи да одржува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk