14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Зеленски: Ги победивме Русите без оружје, се повеќе од нив бегаат назад

Најчитани вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата на Фејсбук.

– Секој окупатор треба да знае дека ќе наиде на жесток отпор од Украинците, така што засекогаш ќе памети дека нема да се откажеме, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека „ние сме народ кој ги урна непријателските планови за една недела. Плановите што се граделе со години се гнасни, пресметани, со омраза кон нашата земја, кон нашиот народ, кон секој народ што има две работи: слобода и срце. Но, ние го запревме нивниот план“.

– Нашата армија, нашата гранична полиција, нашата одбрана, дури и обичните земјоделци ја заробуваат руската армија секој ден. И сите велат само едно – не знаат зошто се тука, нагласи Зеленски.

– И покрај тоа што се десет пати повеќе, моралот на непријателот постојано се влошува, се повеќе окупатори бегаат назад во Русија. Од нас, од вас, од сите оние кои го тераат непријателот – копја, бутови, пушки, тенкови, авиони, хеликоптери, се што пука, вели украинскиот претседател.

– Го победивме непријателот без оружје. Искрено им се восхитувам на херојските цивили од Конотоп, Баштанка, Енергодар, Мелитопол и другите градови и села во Украина, кои не дозволуваат окупаторите да напредуваат. Цивилите им ги блокираат патиштата, излегуваат пред непријателските возила. Тоа е многу е опасно, но исто толку е екстремно храбро, изјави Зеленски во својот говор до нацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com