25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Зеленски верува дека конфликтот може да се реши преку директен дијалог со Путин

Најчитани вести

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски оцени дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.

– Се уште не можеме да зборуваме за детали. Се уште не сме имале директен контакт меѓу двајцата претседатели. Само по директни разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна – посочи тој.

„Не се работи за тоа што можам да дадам. Мојата цел на сите преговори е да се стави крај на војната со Русија“, рече Зеленски во интервју за германски „Билд“, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим.

– Подготвен сум да преземам одредени чекори за завршување на војната. Може да се направат компромиси, но тие не смеат да значат предавство на мојата земја – рече украинскиот претседател, додавајќи дека другата страна треба да биде подготвена за компромиси.

Во своето ноќeшно видеообраќање, украинскиот претседател ги повика европските граѓани да направат повеќе за да извршат притисок врз нивните влади да интервенираат во Украина.

– Европејци! Нема да можете да кажете дека не сте виделе што се случи со Украинците, што се случи со жителите на Мариупол. Видовте. Знаете – вели тој.

Зеленски го повика Западот да ги зголеми санкциите кон Русија и да „изврши притисок“ врз Москва да ја принуди да преговара и да ја прекине војната, пренесува „Би-би-си“.

Зеленски потпиша и закон со кој на сите граѓани на Украина им се дозволува да користат оружје за време на воена состојба.

– За време на периодот на воена состојба, граѓаните на Украина можат да учествуваат во отпорот… користејќи сопствено оружје, спортско оружје ловечки пушки и комбинирана муниција – рече Зеленски.

Текстот на законот е објавен на веб-страницата на Врховната Рада на Украина.

– Цивилите не се одговорни за употреба на огнено оружје против лица кои вршат вооружена агресија против Украина, доколку таквото оружје се користи разумно и според распоредот – се вели во текстот на законот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com