14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Зелениот покрив на ГТЦ не е готов, иако Шилегов го најавуваше за денеска

Најчитани вести

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар, што првично требаше да биде готов за летово, а потоа се пролонгира до Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, денеска не е готов.

На покривот денеска се забележуваа работници, кои чистеа дел од патеките и околу новопосаденото зеленило, но таму се уште има механизација и алати за работа.

На почетокот на работите за поплочување на дел од плоштадот на потегот пред ГТЦ до порта „Македонија“ градскиот татко Петре Шилегов не се откажа од крајниот рок за завршување на зелениот покрив на ГТЦ, односно Денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември.

И плочникот се уште не е завршен. За волја на вистината половина е готов и слободен за пешаци, иако заграден со заштитни огради. И таму денеска се заележуваа работници кои поплочуваа, но за тој потег Шилегов најави до 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, 80 проценти од реализацијата на овој проект да биде готова и да биде пуштен во употреба.

Билјана Богдановска

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com